Во рамките на 22. коло на шпанската Ла Лига се одигра натпреварот во Памплона, каде Реал Мадрид како гостин ја совлада Осасуна со 2:0.
Кралскиот клуб на тој начин ја намали разликата од лидерот Барса на пет бода, барем до утре и дуелот на Барселона против Кадиз, додека Осасуна го претрпе осмиот пораз сезонава и остана на десеттото место со 30 бодови.
Долго се чекаше на водечкиот гол, Осасуна успеа да ја сочува својата мрежа недопрена 78 минути, но Реал како одминуваше времето создаваше се повеќе прилики , кои лесно и многу брзо ги искористи.
Во 72. минута Винисиус имаше одлична шанса кога сам шутираше пред голманот Ерера, но чуварот на мрежата на Осасуна излезе како победник.
Тоа беше најава за посилен притисок на Реал при влегувањето во финишот од мечот, кој брзо донесе и резултатот за тимот од Мадрид.
Се играше 79. минута од натпреварот, Лука Модриќ ја испрати топката напред од левата страна до Винисиус, овој го забележа Валверде кој натрча во шеснаесетникот, му ја испрати топката во средината, а вториот биеше во левиот агол на противничкиот гол со прецизен удар од прва – 0:1.
Десет минути подоцна Винисиус реализираше нов гол за Реал, но тој гол беше поништен поради офсајд.
Сепак, само една минута подоцна, во судиското надополнување, младиот Родригез му ја украде топката на Унаи, а потоа го пронајде Асенсио, кој дијагонално ја погоди мрежата од левата страна за дефинитивно да го реши прашањето на победникот – 0:2.