Бугарскиот тим во нашиот главен град ќе пристигне со свое обезбедување, односно со бугарски полицајци. Според медиумите во соседството, бугарската полиција веќе исконтактирала со македонското МВР за детали околу обезбедувањето на тимот.
Движењето на „арамејците“ низ главниот град ќе биде ограничено само во хотелот во кој ќе бидат сместени и веројатно нема да смеат да го напуштат истиот. Бугарите се загрижени, бидејќи во Македонија, поточно во Скопје секој ден има протести поради политичките тензии со источниот сосед.
ЦСКА Софија ќе има и 60 свои навивачи на трибините на стадионот на ФФМ.