Финалистот во ЛШ, Ливерпул релативно лошо ја почна новата сезона во Премиер лигата, откако по првите три кола се уште немаше победа (две нерешени и еден пораз), што како да ги налути „црвените“ пред денешниот дуел на домашен терен против Борнмут.

Тоа најдобро се виде од пеколниот старт, со оглед што четата на Јирген Клоп по само шест минути веќе имаше водство со 2-0.

 

Луис Дијаз во третата минута прв ја начна мрежата на гостите, а исто толку минути подоцна Харви Елиот го удвои водството и најави прва радост за Ливерпул во новиот англиски шампионат.