Легендарниот италијански фудбалер, Роберто Баџо обележа еден златен период од италијанскиот фудбал, а неговото име засекогаш ќе биде запишано во историјата на фудбалот на Апенинскиот полуостров.
Фудбалерот кој го красеше познат имиџ истакна дека ни денеска не гледа многу фудбал, а обожава да работи на својата фарма каде живее со семејството.
– Едвај чекав да заминам од фудбалот и да се вратам во својот живот. Се гушев во сопствената физичка болка. Луѓето мислат дека тоа е чудно, па што. Зарем оние кои ќе си одат од фудбалот се неуспешни?
– Воопшто не гледам фудбал, натпреварите не ме исполнуваат и не можам да се замислам да ги коментирам другите. Гледам како моите некогашни соиграчи зборуваат како фудбалски учители, а се сеќавам дека некои од нив не знаеја ни со рака да фатат топка.
– Сега јас цепам дрва, возам трактор и навечер си доаѓам дома изморен, па веднаш „се комирам“. Сакам да гледам кошарка. Сакав да го гледам Онил, му бев фан на Коби Брајант, а сега го обожавам Леброн, -изјави Баџо.