Лигата на Европа на УЕФА вечерва се враќа со осум возбудливи пресметки од 1/8-финалето или т.н. плеј-оф коло. Неспорно, во фокусот на интересот вечерва ќе биде пресметката меѓу Барселона и Наполи на „Камп Ноу“.
Учеството во Лигата на Европа е невообичаено за Каталонците кои се традиционално еден од кандидатите за трофејот во Лигата на шампионите, но по долги години, Барса сега има нова реалност. Барселона ќе дебитира на турнирот и во добра форма го пречекува тимот на нашиот Елиф Елмас, кој исто така се надева на пласман во самата завршница на натпреварувањето.
Барселона нема пораз на 11 последователни натпревари, но тренерот Чави има проблеми со повредени играчи и нема да смета на најдобрите вечерва.
Во уште еден интересен натпревар во оваа рунда Борусија (Д) се среќава со Ренџерс. Плус за домашните е враќањето на Халанд кој треба да биде дел од составот за вечерашниот меч.
Динамо (З) на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски вечерва има тешко гостување кај Севиља. Хрватите се надеваат дека ќе останат непоразени и на домашен терен ќе бараат пласман во следната фаза.
Интересен меч го очекува и Боби Николов и неговиот Шериф Тираспол. Тие денеска на домашен терен го пречекуваат португалскиот состав Брага.