Малку фалеше оваа тројка следната сезона да биде и реалноста на нападот на Реал Мадрид, но сега само виртуелно може да биде во ист тим.

УЕФА денеска го објави тимот на сезоната во Лигата на шампионите во формација 4-3-3.

На голот е Тибо Куртоа, централно во дефанзивата се Ван Дајк и Ридигер, бековите се Робертсон и Александер-Арнолд, во средниот ред се Фабињо, Модриќ и Де Брујне, а напаѓачкото трио е Винисиус, Мбапе и Бензема.

За најдобар фудбалер е прогласен Бензема, а наградата за најдобар млад играч ја доби Винисиус.