Како што пренесува Дејли Експрес, Ливерпул го идентификувал Арно Данџума од Виљареал како потенцијален наследник на Садио Мане, „црвените“ се подготвени да платат 45 милиони евра за услугите на Холанѓанецот.
По финалето од Лигата на шампиони, неколку извори објавија дека Садио Мане се збогувал со Ливерпул и ги известил соиграчите дека заминува од Енфилд.
Се говори дека Баерн Минхен ќе биде неговата следна дестинација и според пишувањата на Дејли Експрес, „црвените“ ќе бараат околу 50 милиони евра за разделба со Сенегалецот.
Весникот исто така додава дека Ливерпул го идентификувал Арно Данџума од Виљареал како потенцијална замена за Садио Мане.
Холанѓанецот има одлична сезона во дресот на „жолтата подморница“ и со добрите настапи го привлече вниманието на неколку гиганти. „Црвените“ веруваат дека 45 милиони евра ќе бидат доволни за негов ангажман.
Доколку се реализираат овие две зделки, Ливерпул ќе забележи ќар од 5 милиони евра.