Пристигна потврда, Иван Перишиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиерлигата, Хрватот реши да го напушти Интер и да му се придружи на Антонио Конте во Тотнем.
„Спарси“ попаладнево соопштија дека постигнале согласност со Иван Перишиќ за двегодишна соработка.
Според пишувањата на Телеграф, Иван Перишиќ ќе биде третиот најплатен фудбалер на Тотнем, и со примања од 180.000 фунти неделно (нешто над 9,3 милиони фунти годишно, односно околу 11 милиони евра) ќе биде веднаш зад Сон и Кејн.