Големиот талент на каталонскиот гигант Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал вели дека сака да стане легенда на клубот.

Јамал сруши многу рекорди во Барселона и шпанската репрезентација како најмлад фудбалер, а најдоброто од него треба допрва да дојде.

„Никогаш не би сакал да ја напуштам Барса. Сакам да станам легенда на овој клуб“, вели Јамал.

„Ми се допаѓа што сум споредуван со најдобриот во историјата, големиот Лео Меси. Но, јас сакам да бидам Ламин Јамал и да се достигне нивото на Меси е невозможно“.

Јамал потенцираше дека сака Нико Вилијамс да дојде во Барселона.

„Сакам да играм секоја недела со Нико Вилијамс како дел од мојот состав. Тој ми е добар пријател. Не знам дали ќе дојде во Барса следната сезона, зависи од Нико“.