Талентираниот фудбалер Гави го имаше првиот тренинг по пауза од 10 месеци по тешката операција, но ќе мора да почека на првиот настап за Барселона по повредата.
Гави минатиот ноември се повреди во квалификациите за Европското првенство (ЕП), па го пропушти и турнирот кој се одигра во Германија и Олимписките игри во Париз.
Тренерот Ханс-Дитер Флик внимателно го следи развојот на ситуацијата и позитивно го оценува карактерот на Гави, сметајќи го за најважниот дел од неговиот проект. Надвор од екипата се Френки де Јонг, младиот Бернал, Кристенсен и Араухо.
Барселона во првите четири кола од шпанското фудбалско првенство освои 12 бода и го зазема првото место во Примера.
Доколку се оди во најдобар ред, тогаш Гави се очекува да го има првиот настап за Барселона дури во декември.