Дел од тие голови беа навистина атрактивни, пред се оној во финишот од мечот кога со бомба од девет метри буквално го проби противничкиот голман и низ неговите раце ја затресе мрежата.
Французите на крај славеа со минимални 31-29, откако во финишот беа посмирени од ракометарите на Бранислав Ангеловски. Одлична партија во Париз покажа капитенот Филип Кузмановски, беше вистински лидер на „зелено-белите“, а покрај тоа зад неговото име се најде и најдобриот потег на натпреварот – „бомбата“ од место во самиот финиш, кога Пелистер се доближи на само еден гол до противникот.
Кузмановски со осум гола беше најпрецизен во таборот на пелистерци, а по шест погодоции запишаа Цехте и Пешевски.