Веселин Вујовиќ не може да биде задоволен од играта на Вардар 1961 во финишот на гостинскиот меч кај ППД Загреб. „Црвено-црните“ во последните десет минути загубија во мечот со хрватскиот првак (25-22), но и покрај поразот одат на Ф4-турнирот во Задар.
„Очигледно беше колку лошо одигравме во последните пет минути. Ако не направевме толку грешки, резултатот ќе беше многу подобар за нас. Морам да кажам дека и двете екипи имаа проблем со нападот 6 на 6 и мислам дека тоа е нешто на што ќе треба да работиме за да бидеме конкурентни во ЕХФ лигата на шампионите.“, изјави Вујо по средбата.
Полуфиналето Вардар на Ф4-турнирот во Задар ќе игра против екипата на Мешков Брест. Натпреварот е закажан за трети септември.