Репрезентацијата на Македонија во футсал ја победи Шведска со 3-1, постигна голем триумф со кој ги задржа шансите за место во финалната фаза од квалификациите.
Ранготов донесе водство, а потоа го постигна и вториот гол за Македонија.
Шведска намали на 2-1 преку Дијаз во 30. минута, а Леовски го постави конечниот резултат од 3-1.
По последниот натпревар меѓу Италија и Шведска ќе биде познат конечниот распоред во групата, а Македонија ќе има симпатии кон „аѕурите“ за да се надева за втората позиција во групата.