Барселона го освои вториот трофеј во Лигата на шампионките, откако со голем пресврт го победи Волфсбург со 3-2 во финалето кое се одигра на стадионот „Филипс“ во Ајндховен.
Волфсбург по првото полувреме имаше два гола предност, со головите на Ева Паџор и на Александра Поп.
Сепак, Барселона беше феноменална во вториот дел. Патрисија Гуихаро за три минути израмни со два гола, во 48.и во 50.минута. Победничкиот гол за Барселона беше дело на Фридолина Ролфо во 70.минута од натпреварот.
Фудбалерките на Барселона вторпат во три години стигнаа до трофејот од женската Лига на шампиони.
Најтрофејна екипа во женската Лига на шампионите е француски Лион со дури осум титули.