Фаворитот до триумфот стигна во второто полувреме, во кое ги постигна сите погодоци и тоа Залазар, Тиав и Дрекслер. Ова е значајна победа за тимот од Гелзенкирхен, кој имаше само еден триумф во последните четири меча, поради што дојде до смена на тренерот.
Шалке во моментов е петти со 44 бодови, четири помалку од Дармштад, Сент Паули и Вердер, кои се наоѓаат на делба на првото место. Муслиу и Инголштад по денешниот неуспех се поблиску до испаѓање во третата лига, со оглед што имаат собрано само 15 бода, дури 15 помалку во однос на Сандхаузен, кој е прв над зоната за испаѓање.