Страшна вест доаѓа од Австрија, каде погина легендарниот словенечки сноубордер Марко Грилц (38)! Тој доживеа несреќа во скијачкиот центар Зелден додека снимаше промотивно видео.
Словенечките медиуми наведуваат дека при едно тешко спуштање паднал во длабок снег и удрил во карпа, без да носи заштитна кацига.
Веднаш бил префрлен во болница на реанимација, но за жал многу брзо починал.
Марко Грилц беше еден од најуспешните сноубордери во слободен стил на неговата генерација. Тој е четирикратен јуниорски светски шампион, а во сениорска конкуренција успеа да биде втор на СП 2008 година. Освои медали на „Икс игри“, а откако се повлече од спортот работеше на промоција на сноубординг.
Тој пристигна во Зелден само за да го промовира спортот на кој му го посвети целиот живот, но за жал заврши фатално.