Иако завршија одлична работа во групната фаза од натпреварувањето, Американците не се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри. Тие беа изненадени од Словаците кои беа подобри во изведување пенали
По првото место во групата каде што ја победија и Канада, пораснаа американските апетити, веруваа дека преку Словаците можат да се борат за медали и полуфинале на Олимписките игри. Сепак, не издржаа, дозволија гол во последната минута од регуларниот дел и натпреварот отиде во продолжение.
Словаците поведоа со голот на Јурај Слафковски во 12. минута, а Американците се вратија во последната минута од првиот период преку Ник Абрузезе.
Во средината на вториот дел Сем Хенгес погоди за пресврт и до последната минута од регуларниот дел Словаците заостануваа.
Сепак, на 44 секунди до крајот израмни Марек Хривик од шведскиот Лександс и го одведе мечот во продолжение.
Таму Американците беа поопасни и поагресивни, но не постигнаа гол и одлуката падна на изведување пенали. Ниту еден Американец не успеа да го испрати пакуот во мрежата, додека од друга страна во четвртата серија успешен беше Петер Челарик кој им донесе полуфинале на Словаците.
Олимписки игри, четвртфинале:
САД – Словачка 2: 3 (2: 2)