Французинот Клемент Ноел е победник на олимпискиот слалом. Ноел по првото возење беше шести, но во второто беше одличен и на крајот славеше со голема предност .
Златото во олимписки слалом му припадна на Французинот Клемент Ноел. Ноел по првото возење беше шести , но во добра позиција бидејќи разликата не беше голема, а во второто возење одлично се снајде, скијаше без грешка и дојде до победа.
На крајот имаше висока предност пред второпласираниот Австриец Јоханес Штролц, кој сепак може да биде презадоволен од тоа како помина на овие Олимписки игри. Злато во комбинација и сребро во слалом .
Бронзата оди во Норвешка за Себастијан Фос-Солеваг кој беше трет и по првото возење.
На крајот, трагичар беше Хенрик Кристоферсен, кој го имаше второто време од првото возење, но во второто возење имаше само 18-то време и падна на четвртата позиција со девет стотинки зад својот сонародник.
Слалом:
1. Клемент Ноел (Франција) 1: 44.09
2. Јоханес Штролц (Австрија) +0,61
3. Себастијан Фос-Солеваг (Норвешка) +0,70
4. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) +0,79
5. Лоик Мејард (Франција) +0,80
6. Даниел Јуле (Швајцарија) +0,86
7. Линус Штрасер (Германија) +0,93
8. Џулијано Рацоли (Италија) +0,96
9. Алберт Попов (Бугарија) +1,06
10. Александар Хорошилов (Русија) +1.08