Луис Опенда, белгискиот напаѓач на Ланс со два гола и асистенција го потопи Монако во дербито за ЛШ во француслата Лига 1, за триумф со 3-0 и голем чекор на неговиот тим во мултимилионското друштво.
Ланс со 19-та победа сезонава дојде до 66 бода, сега пет повеќе од Монако на шест кола до крајот на сезоната, а Опенда дојде до 17 гола сезонава и прашањето за победникот практично го реши со два во првите 16 минути од натпреварот. Стрелаше во 9-та за водство, па во 16-та ја дуплира предноста, а потоа 11 минути во вториот дел му асистираше на Адриен Томасон за да ја запечати многу важната победа.
Ланс моментно е втор со девет бода зад лидерот ПСЖ, а два бода со меч повеќе од Олимпик Марсеј. Монако остана четврти со 61 бод, но сѐ уште со шанси да дојде до позиција за ЛШ во завршницата од сезоната.