Барселона славеше во дербито против Атлетико Мадрид со 1-0 на „Камп Ноу“ во 30. коло од шпанската Ла Лига и направи уште еден чекор напред кон титулата.
Атлетико Мадрид имаше голема шанса уште во првата минута, кога Антоан Гризман погоди пречка, а францускиот фудбалер се закани и во 35. минута, но Марк-Андре Тер Штеген беше на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.
Феран Торес ги казни грешките на гостите од Мадрид, откако во 44. минута со прецизен удар го совлада Јан Облак за водство на Барселона од 1-0.
Барселона имаше добра шанса и преку Рафиња во 72. минута, но неговиот удар го одбрани Облак, по што Алваро Мората можеше да го врати Атлетико во игра, но промаши неколку шанси по ред.
Каталонскиот гигант по 30 одиграни кола има 76 бодови, односно 11 повеќе од Реал Мадрид и 16 од Атлетико Мадрид.