Атила Шалај го спаси Фенер од елиминација на минута пред крајот за да го однесе мечот во продолжение, откако Валенсија во 70-та промаши пенал, а Украинците водеа од 57-та минута преку Бијалскиј. Во дополнителните 30 минути, сѐ наликуваше дека можеби пеналите ќе решаваат за патникот понатаму, но Караваев шест минути пред крајот даде втор гол и ги потопи Турците.
Динамо Киев сега го чека пресметка со австриски Штурм Грац во третото коло во квалификациите од „нешампионската група“.
Азербејџански Карабах дојде со предност од 3-2 по првиот меч во Цирих и пласманот во следното коло во регуларниот дел го испушти во 96-та минута, кога Иван Сантини даде гол за 2-1 на Швајцарците, па во продолженијата, Овусу во 98-та минута израмни и потоа азербејџанскиот првак успеа да остане непоразен и да избегне пенал-рулет, а со тоа да ја завери следната фаза.