Откако испадна во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата Европа, Партизан се наоѓа п пред елиминација и од КЛ со што ќе запише уште еден неславен рекорд во српскиот фудбал.

Вечерва, „црно-белите“ загубија на домашен терен од Гент со 0-1 и трет натпревар на својот стадион во рамките на УЕФА куповите не успеаја да постигнат гол. Белгијците дојдоа до триумф со голот на Ганделман на асистенција на Кумс во 16. минута.

 

Поразот од Гент е уште еден во низата катастрофални резултати на српските клубови ова лето во европските купови. Испаднаа Раднички и Војводина, вечерва ТСЦ доживеа тежок пораз од Макаби Тел Авив со 0-3, а и Црвена Звезда беше совладана од Боде во квалификациите за Лигата на шампионите,