По победата над неговиот сонародник Кецмановиќ, новинарите се интересираа дали Ѓоковиќ се однесува правилно во ситуацијата со коронавирусот.
Новинарите му спомнаа дека Рафаел Надал останува дома, не излегува често и многу повеќе се грижи за целата ситуација.
„Претежно сум на терените или дома со моето семејство. Не излегувам често. Го посетив градот неколку пати пред почетокот на турнирот, но не сум премногу загрижен за се што се случува. „Само се обидувам да останам здрав, да се концентрирам и да играм на турнирот“, рече тој и потоа додаде:
„Не размислувам дали ќе се разболам од корона вирусот. Не во моментов. Сепак, секако дека е потребна претпазливост за сите и најмногу поради она низ што поминавме во последните две години.“