Неверојатен викенд за џудо клубот Дрим од Струга! Џудистите дома се враќаат со 20 освоени медали.

Младите струшки џудисти заблескаа на Државното првенство за “Деца” и “Кадети”, освојувајќи вкупно 16 медали, и 4 медали на меѓународниот натпревар во Ниш Р. Србија.

Во категорија “Деца” освоија 4 златни, 5 сребрени  и 3 бронзени  медали, покажувајќи го својот талент и одлучност.

Во категоријата Кадети имајќи во предвид дека иако најголемиот дел од џудистите кој настапија беа една категорија помлади (пионери) сите го даваа својот максимумот против жестоката конкуренција, и нивниот труд беше за пофалба, освојувајќи 2 сребрени и 3 бронзени медали, што го прави нивниот успех уште по импресивен!

На меѓународната сцена во Ниш, Србија, џудо шампионите на “Дрим” со стопроцентен учинок го крунисаа и така успешниот ден освојувајќи 2 златни  и 2 бронзани  медали.

Големи честитки за струшките џудисти за нивните извонредни резултати! Како и благодарност за целото посветено џудо семејство наречено ЏК Дрим Струга

Иднината на младите струшки  џудисти е светла и загарантирана, и само така да продолжат на патот на успесите.