Министерот за здравство на државата Викторија во Австралија, каде што се одржува Австралија опен, Мартин Пакула, даде интервју за локалните медиуми, каде што всушност го потврди пишувањето дека на тенисерите ќе им биде дозволено да учествуваат, но со строг карантин .
Во јавноста со денови се водеше контроверзија дали невакцинираните играчи воопшто ќе можат да играат на Австралија опен, поради строгите мерки што преовладуваат во Австралија.
Меѓутоа, сега еден од службениците, министерот за здравство на државата Викторија, навести дека на невакцинираните ќе им биде дозволено да се натпреваруваат, иако неговиот совет е сите да се вакцинираат, бидејќи на тој начин избегнуваат строги мерки и ќе имаат најдобри можности да се подготват за Австралија Опен .
– Да бев професионален тенисер, ќе се вакцинирав. Ова ви дава најдобри можности да играте на Австралија опен со минимални ограничувања – рече Пакула, кој исто така потврди дека се во тек преговори со тениската асоцијација на Австралија, која го организира Австралија опен.