Големите ривали Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се сретнаа на Централниот терен на Ол Ингланд клуб на Вимблдон, во пресрет на Гренд слем турнирот кој официјално започнува на 27 јуни.
Надал го одработи првиот историски тренинг заедно со Матео Беретини на најголемиот терен на Вимблдон. Никогаш претхофно не било дозволено да се тренира на овој терен пред да започне Вимблдон.
Веднаш по Надал и Беретини, на тој терен тренираа и Ѓоковиќ заедно со Марин Чилиќ. Кога сите четворица тенисери се најдоа на теренот, беше забележано како Надал и Ѓоковиќ се поздравија и покажаа дека нивното почитување е на високо ниво.