Рускиот тенисер Данил Медведев се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Мајами. Четвртиот светски рекет во четвртфиналето го совлада Чилеанецот Николас Јари, 23-ти на АТП листата со 2-0, во сетови беше 6-2, 7-6/7.

Медведев немаше никакви проблеми во првиот сет, но Јари даде жесток отпор во вториот, се избори за тај-брејк, кој Русинот го доби во своја корист со 9-7.

Во полуфиналето рускиот тенисер Медведев ќе се сретне со Италијанецот Јаник Синер па ќе има прилика за одмазда, а тоа ќе им биде прв дуел по финалето на Австралија Опен, во кое Медведев водеше со 2-0 во сетови, а потоа загуби со 2-3.

Четвртфиналните двојки во горната половина од ждрепката се Алкараз – Димитров и Зверев – Марошан. Тие мечеви се на програмата вечерва. Инаку, Данил Медведев е бранител на титулата во Мајами.