Новак Ѓоковиќ направи пауза по загубеното финале на Вимблдон, но не одигра ни цел меч во првото појавување на мастерсот во Синсинати.
Неговиот противник од 2. коло, Алехандро Давидович Фокина од Шпанија го предаде дуелот откако се пожали на повреда по завршувањето на првиот сет, кој му припадна на Ѓоковиќ со 6-4. Следен ривал за Србинот ќе биде Гаел Монфилс од Франција, кој вчера приреди мало изненадување совладувајќи го 12. на АТП-листата, Алекс Де Минаур од Австралија со 7-5, 6-4.
Toj не беше единствен од рангираните тенисери, кој мора да ги пакува куферите. Елиминиран беше и шампионот од минатата година Борна Чориќ (15) од Хрватска, со пресврт од Полјакот Хуберт Хуркач 5-7, 6-3, 6-3.
Осминафиналето беше недостапно и за шестиот носител, Данецот Холгер Руне, кој мораше да се повлече поради повреда во дуелот со Американецот Мекензи Мекдоналд, во ситуација кога губеше со 6-4, 0-2. Елиминиран е и десеттиот рекет во Синсинати, Френсис Тијафо од САД, од некогашниот број 3 на светот, Стан Вавринка, со 6-3, 6-4.
Женскиот дел од турнирот остана без ланската финалистка и деветта на светот, Петра Квитова од Чешка. Беше совладана од сонародничката Линда Носкова со 3-6, 6-2, 6-4.