Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз во два сета го победи Данил Медведев и заслужено го освои пехарот на турнирот во Индијан Велс.
За час и 44 минути Алкараз ја доби битката со Русинот, Данил Медведев. Мечот имаше два потполно различни сета.
https://twitter.com/i/status/1769484553444372482Во првиот се водеше голема борба, Алкараз го доби во тајбрејк со 7-5, а во вториот беше убедлив и го декласира ривалот со 6-1.
https://twitter.com/i/status/1769498529846989103Ова беше втор освоен Индијан Велс за Карлос Алкараз. Тој стана првиот играч кој освоил две титули по ред на овој турнир пред да наполни 21 години по Борис Бекер кој тоа го направил во 1987-1988.