Невиден хаос настана во Турција, по завршувањето на натпреварот меѓу Трабзонспор и Фенербахче, на кој еден од головите постигна македонскиот репрезентативец Енис Барди.

 

Фенер славеше со 3-2 и на крајот од дуелот на теренот ја славеше победата со која остана во игра за шампионската титула. Тоа веројатно ги испровоцира домашните навивачи кои масовно влегоа во теренот и ги нападнаа фудбалерите кои не можеа да стигнат до соблекувалната.

 

Дел од нив успеаја да удрат навивачи во стилот на Џеки Чен, во еден момент не се знаеше кој кого удира, а засега нема информации за евентуално потешко повредени.