Рафаел Надал продолжи со победите во 2022 година.
Шпанскиот тенисер, третиот носител во Индијан Велс, по големи тешкотии стигна до третото коло, откако го совлада Себастијан Корда со 6:2, 1:6, 7:6 (3).
Ова им беше втор дуел , Надал како и во 2020 година на Ролан Гарос успеа да победи .
Мечот меѓу Шпанецот и 38. тенисер во светот траеше 148 минути.
Надал во Калифорнија пристигна со подобар скор на стартот од сезоната, сега го подобри на 16:0 и прашање е кој и кога ќе успее да го спречи.
Зад себе има три титули од почетокот на сезоната, а е голем фаворит да стигне до самиот крај на првиот Мастерс во сезоната.
Корда очигледно беше импресиониран што од другата страна играше неговиот идол од детството, па многу лошо го започна натпреварот.
Со многу неизнудени грешки лесно му дозволи на Надал да дојде до предност од два брејка по само 16 минути игра и големи 4-0.
Корда успеа да освои два гема, дури имаше две брејк топки во шестиот гем, но не ги искористи, па Надал имаше водство во сетови по 35 минути.
Корда се разбуди во вториот сет, Надал почна да греши повеќе, Американецот подобро сервираше и некако ја опушти раката.
Резултат на тоа беше брејкот по кој поведе со 3:0 и 4:1, бидејќи Шпанецот пропушти можност да го врати брејкот во петтиот гем.
Сепак, грешките продолжија, Корда ја намириса својата шанса и го доби сетот со 6:1 и по 78 минути игра беше 1:1.
Јасно беше дека Надал мора да смени нешто и повторно одигра нешто поофанзивно, поагресивно.
Корда не се повлече, напротив имаше решенија за се, погодуваше од сите позиции .
Направи брејк во петтиот гем за 3:2, а потоа Надал загуби уште еден сервис во седмиот гем за 5:2.
Корда сервираше за победа, но многу лошо во тој осми гем, Надал врати еден брејк, а потоа намали на 4:5, а потоа со нов брејк успеа да израмни на 5:5!
Корда имаше нова шанса за брејк во 11. гем, но Надал успеа да се извлече и дојде до 6:5.
Корда сепак стигна до тај-брејк во кој пресудно беше искуството на Надал, тој го доби со 7:3.
Во следното коло ќе игра против Британецот Ден Еванс, кој лесно со 6:2, 6:0 го совлада Федерико Корија од Аргентина.