Екипата на Виљареал доживеа вистински дебакл и го загуби натпреварот со убедливи 3-0 (1-0) на гостувањето кај Лас Палмас во рамките на дваесеттото коло од шпанската Примера.

https://twitter.com/i/status/1746159117914259515

 

Домашниот тим уште во првите 45 минути го најави триумфот со голот на Кириан Родригез, кој стрелаше прецизно многу рано, во осмата минута од мечот. На паузата Лас Палмас водеше со 1-0, а во вториот дел само стави „печат“ на новиот триумф, за нив осми во сезоната.

https://twitter.com/i/status/1746174714165272771

Домашните имаа извонредна реализација на шансите, затоа што постигнаа три гола од исто толку обиди во рамките на голот. Најпрво Херцог зголеми на 2-0 во 51. минута, а конечните 3-0 ги постави одличниот Родригез во 63. минута и го впиша својот втор гол на овој меч.

https://twitter.com/i/status/1746177598479081689

Лас Палмас котира високо во Примера и сега е на седмата позиција со 28 бода, додека Виљареал продолжува со променливата форма и има само 19 бодови, доволни за четиринаесеттото место на табелата во Примера.