Шпанскиот стратег Чави Алонсо не знае за пораз на последните 30 атпревари на кои го води Баер Леверкузен, а неговиот тим имаше успешен старт и на вториот дел од сезоната.
Лидерот на табелата остана на сигурна дистанца од Баерн Минхен и ја задржа предноста од четири бода, пред се благодарение на погодокот кој го постигна Езекиел Паласиос.
За време на зимската пауза, Паласиос се врати во родната Аргентина и беше дел од навивачката група на Ривер Плата, а попладнево на теренот имаше улога на херој за „фармацевтите“.
Баер Леверкузен се мачеше против тимот на Аугзбург и не можеше да го скрши отпорот, се до 94-та минута кога Паласиос реагираше извонредно во шеснаесетникот и погоди за голема радост и победа.
Ваквиот расплет на настаните не го остави рамнодушен ниту Чаби Алонсо, кој иако обично е доста мирен, овојпат скокаше после драмата која ја приредија неговите играчи.
https://twitter.com/i/status/1746207405417886184
Голот на Паласиос погледнете го ТУКА