Фудбалерите на Болоња се вистински хит во Серија А оваа сезона. Болоња триумфираше со 2-0 против Верона и тоа беше нејзина петта победа по ред во домашното првенство.
Со оваа победа Болоња повторно е во топ-4 и има 48 бодови, односно четири помалку од третопласираниот Милан.
Болоња оваа сезона игра фантастичен фудбал и веќе стигна до 13 победи во Серија А. Тимот на Тијаго Мота се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 48 бода, која води во Лигата на шампионите.
Верона е на 18. место на табелата и ќе води жестока битка за опстанок до крајот на сезоната.