Србинот со овој триумф се пласира во големото финале, каде што денес ќе игра за титулата против Италијанецот Јаник Синер, во реприза на епската пресметка од групната фаза која ја доби Италијанецот.
Гледачите во „Пала Алпитура“ видоа многу фантастични поени, но по еден поен буквално цела сала се крена на нозе и се поклони пред фантастичниот Новак. Тоа беше поен за втор брејк на Ѓоковиќ во вториот сет и водство од 5-2. Алкараз беше во налет, испраќаше силни удари по аглите на теренот, но Новак успеа да ги врати сите фантастични удари на противникот и на крајот го освои поенот, а со тоа и важниот гем.