Талентираниот македонски тенисер Калин Ивановски со неговиот колега Дино Призмиќ ќе се бори за финале на турнирот во Грција, откако денеска триумфираа против Филберто Фумагали и Џанлука Каденасо со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-1.
Ивановски и неговиот соиграч од Хрватска одиграа доминантен натпревар, па на противниците од Италија им дозволија да освојат само два гема во првиот сет, додека во вториот беа уште подобри и стигнаа до 6-1.
Македонскиот тенисер и Призмиќ направија изненадување и во првото коло од турнирот, откако завчера ги елиминираа вторите носители Марлон Ванкан и Рафаел Калзи со 2-0 во сетови.