Полскиот првак Кјелце денеска беше подобар од Таубате со убедливи 39-30 и така го освои првото место во групата Ц со што се пласира во полуфинале на Супер Глоуб против Барселона.
Каталонскиот гигант претходно беше подобар од Министрос и Есперанца Тунис, па така со две победи го освои првото место во групата Д, додека полуфинале обезбеди и Ал-Ахли од групата Б, па меѓу најдобрите четири го чека и Магдебург кој мора да слави против Ал Калеј.
Двете полуфинални средби се играат в сабота, а Кјелце и Барселона ќе се соочат од 19.30 часот.
Актуелен освојувач на титулата е Магдебург, кој минатата година во финалето ја шокира Барселона со 33-28.