Клучниот играч на шведската ракометна репрезентација , Џим Готфридсон е загубен за преостанатиот дел од првенството поради повредата што ја заработи синоќа на натпреварот против Египет.
Шведската ракометна репрезентација влезе во полуфиналето на Светското првенство, јасни се амбициите, да одат до крај и да ја освојат титулата на домашен терен, а тоа сега ќе биде малку потешко .
Средниот бек на шведската репрезентација, еден од лидерите и клучните играчи, Џим Готфридсон нема да може да и помогне на Шведска во следните два натпревари.
Готфридсон заработи фрактура на раката и се очекува да отсуствува од терените најмалку два месеци, што значи дека нема да може да смета на него извесно време ниту Фленсбург.
“Мислам дека мојата рака се заглави во нечиј дрес. Ова е многу фрустрирачки, мислам дека и тимот и јас игравме многу добро и сонував да ја освојам светската титула. Убеден сум дека овој тим може без мене. Сигурен сум дека може да го победи секој тим во светот“, рече Готфридсон.
Разочаран беше и тренерот Глен Солберг кој остана без важен адут.
„Жал ми е за Џим, тој е еден од најдобрите играчи во светот и одигра одлично досега на овој турнир. Нема да ни биде лесно, но имаме силен тим и ќе се обидеме да стигнеме до финалето.