Ракометарката на подгорички Будуќност, Хрватката од Сињ, Матеа Плетикосиќ (23) се најде во центарот на вниманието кога реши наместо за својата татковина да игра за црногорската репрезентација. Нејзината одлука крена голема бура, особено во Хрватска, каде што не беше лесно прифатена.
Матеа додека настапуваше за Хрватска на Европското кадетско првенство беше прогласена за најдобар среден бек, но по преселбата во Будуќност реши да ги брани боите на црногорската репрезентација.
Таа сигурно ќе биде во центарот на вниманието на дерби натпреварот Црна Гора – Србија кој се игра денес а во кој фаворит е селекцијата на Србија.
Матеа Плетикосиќ заедно со Унгарката Викторија Лукач се сметаат за најубавите ракометарки во светот во моментов.