Роби Севиџ, поранешниот велшки репрезентативец, вчера беше еден од коментаторите за БТ Спорт за пренос на натпреварот од Лигата на Шампионите што му е реовна работа подолг период.
Посебен момент се случи при крајот на натпреварот помеѓу Јунајтед и Јанг Бојс во Лигата на шампионите кога на терен влезе неговиот 18-годишен син Чарли.
Неговиот татко веќе во најавата изјави дека е исклучително горд дека ја има честа да го најави влегувањето во игра на неговиот син.
Неверојатен момент
“Чарли Севиџ влегува на местото од Хуан Мата во Манчестер Јунајтед. Леле. Никогаш не мислев дека ќе можам да го кажам тоа овде. Каков момент за мене, неговата мајка, баба и дедо, но најважен за тоа момче таму, Чарли Севиџ. Целата напорна работа „Толку сум горд. Ова е неверојатен момент. Тој влегува во игра на местото од шампион од Светско првенство“, рече Роби Севиџ додека неговиот син влегуваше на теренот.
https://twitter.com/mikeography/status/1468748556836163593?s=20
Пред да се случи тоа, тој во најавата за натпреварот рече:
“Ова ме раскинува, тој постигна толку многу на толку млада возраст. Никогаш не бил најдобар во својата генерација, но неговата посветеност и работна етика го доведоа до тоа. Татко ми, кој за жал повеќе не е меѓу нас го гледа одозгора со гордост. Ако влезе во игра, баба му ќе плаче“.