Во 3. коло на СП, Шпанија изненадувачки загуби со 2:1 од Јапонија. „Фурија“ на тој начин го зазеде второто место во групата и во осминафиналето ќе игра против Мароко, но ја избегна Хрватска во осминафинале и потенцијално избегна средба со Бразил во четврт-финалето. Многумина сега оправдано се сомневаат дека Шпанците намерно ги пуштиле Јапонците .
„Ја изгубивме контролата пет минути, дури почнавме да паничиме. Ако требаше Јапонија да даде уште два гола, сигурно ќе ги постигнеше. Не поминуваа како млазни авиони…“, изјави шпанскиот тренер Луис Енрике по поразот.
Шпанците беа очигледни фаворити на средбата со Јапонците, а сега се чини дека ’поткинаа’ да го избегнат Бразил во четврт-финалето.
„Ако ги оставам тие пет минути на страна, можам да бидам задоволен од нашата игра. Остатокот од времето го контролиравме натпреварот и бевме добри. По примените голови сакавме пресврт. Ја посакувавме таа победа, сакавме да бидеме први во групата, но не успеавме. Искрено, ме нервира што не сме први во групата. Секоја чест за Јапонците, тие се заслужено на врвот во оваа група“, се обиде да ги демантира гласините за играта на неговата репрезентација Луис Енрике и заклучи:
„Кога го добија тоа што го сакаа, Јапонците решија да се затворат, а ние се обидовме да го решиме тоа најдобро што можевме. Ова мора да ни послужи како предупредување. Се пласиравме во осминафиналето, но немаме причина за славје“, заклучи шпанскиот тренер, а неговите зборови ги потврди и Цезар Аспиликуета:
„Секогаш даваме се од себе и секогаш сакаме да победуваме. Понекогаш едноставно не успевате. Затоа сме разочарани од овој пораз’.