Јелена Рибакина и Арина Сабаленка ќе играат во финалето на Австралија опен за тенисерки, кои во полуфиналните мечеви беа подобри од Викторија Азаренка, односно Магда Линете .
Јелена Рибакина, која дојде до своето второ Грен слем финале, продолжува да игра одличен турнир. Казахстанката во два сета беше подобра од Викторија Азаренка.
На крајот победи со 7:6, 6:3 по час и 43 минути игра. Тоа беше втор натпревар меѓу нив и втора победа на Рибакина, која по освојувањето на Вимблдон ќе бара втора голема титула.
Во првиот сет видовме по два брејка на двете страни, па на крајот се играше тај-брејк каде Рибакина беше подобра со 7:4. Во вториот сет имаше два брејка и на крајот победи без поголеми потешкотии.
Арина Сабаленка, која беше подобра од Магда Линете, од четвртиот обид стигна до првото финале на Грен слем. Полјакињата никогаш претходно не го имаше поминато третото коло на овој турнир.
Белоруската тенисерка победи со 7:6, 6:2 по час и 35 минути игра. Така славеше по втор пат во втората меѓусебна средба.
Линете имаше брејк предност во првиот сет, но не можеше да ја одржи. Во тај-брејкот Сабаленка загуби само поен, а во вториот двапати го одзеде сервисот на противничката и се пласираше во финалето.
Австралија опен, полуфинале:
Јелена Рибакина – Викторија Азаренка 7:6 (4), 6:3
Арина Сабаленка – Магда Линете 7:6 (1), 6:2