Првиот сет ѝ припадна на Крејчикова со 6-2, додека во вториот Паолини возврати на идентичен начин (6-2), додека во третиот сет се водеше голема борба, меѓутоа на крајот се радуваше тенисерката од Чешка.
Крејчикова го крена првиот трофеј на Вимблдон и втор гренслем-пехар во кариерата, откако претходно славеше на Ролан Гарос во 2021 година.