Трагедија се случи вечерва во Загреб, откако навивач на загрепски Динамо, чиј идентитет не е откриен, починал на трибините на „Максимир“ за време на мечот на „модрите“ со Севилја, кој загрепчани го добија со 1-0, но недоволно за да поминат во осминафинале поради поразот од андалузискиот гигант со 1-3 во првиот меч пред една недела.
Навивачот кој седел на јужната трибина на најголемиот хрватски стадион, доживеал срцев удар, по што итно реагирала брзата помош, но на навивачот му немало спас и тој го загубил животот.
По мечот, тренерот на Динамо, Жељко Копиќ изрази сочувство до семејството на навивачот.
„Најискрено сочувство до семејството на починатиот навивач“, рече Копиќ.