Екипата од Андалузија нема загубено финале во Лига Европа и сега е во лов на нов пехар, но Тоти верува дека Мурињо ќе ја прекине нивната серија.

„Севилја има големо искуство во овие натпревари. Немаат пораз во битките за титула. Тоа е импресивно, но мислам дека е време Севилја да загуби. Рома со Мурињо има големи шанси да стане нов шампион во Лига Европа. Жозе е тренер за големи натпревари“, вели Тоти.