Енис Барди беше стрелец на гол за Трабзонспор во триумфот (2-4) на гости кај Гиресунспор во последното коло од шампионатот на Турција. Тој погоди во 34.минута и во тие моменти зголеми на 0-2 за својот тим.

Трабзонспор ја завршува сезоната на шестата позиција на табелата и шампионскиот трофеј му го предава на Галатасарај.

Енис Барди по ова ќе му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски во пресрет на натпреварите против Украина и против Англија во квалификациите за ЕВРО 2024.

Барди со својот шести гол во турската лига сезонава докажува дека треба да го има стартерското место во Трабзонспор.

 Голот може да го видите ТУКА.

Македонскиот репрезентативец нема постигнато гол уште од први април. Кога Барди погоди речиси пред два месеца, Трабзон загуби.

https://twitter.com/anindagoller1/status/1663600542625431592?s=20