Лацио направи уште еден чекор до обезбедувањето на пласманот во Лигата на Европа за следната сезона по победата од 2-0 против Сампдорија вечерва во рамки на 36.коло во Серија А.
Дефанзивецот Патрик го најави триумфот на „лацијалите“ во 41.минута. Луис Алберто ги обезбеди трите бода во 59.минута. Лацио сега има 62 бода на 5.место, три повеќе од градскиот ривал Рома, која утре игра против Фиорентина на гостински терен.