Барселона продолжува со сигурна игра и ја оствари втората победа по ред во шпанската Ла Лига, откако беше подобра од Жирона со 1-0 на гости. Со овој триумф ја зголеми предноста на шест бодови пред вечниот ривал Реал Мадрид.

Каталонскиот гигант не доминираше на теренот против Жирона, затоа што и домашната екипа имаше свои шанси, но во првото полувреме мрежите мируваа на двете страни.

Единствениот гол на мечот беше постигнат во 61. минута по одлична акција на Каталонците, но и една лоша интервенција на голманот Газанига, по која топката стигна до Педри, а тој без мака погоди за 1-0.

Четата на тренерот Чави продолжи да игра во одличен ритам во Ла Лига и има 47 бодови по 18 одиграни кола.