Португалската ѕвезда на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш утринава имал сообраќајна незгода со своето Ферари, но за среќа минал без повреди.
Несреќата се случила откако со своето Ферари се судрил со џип, на пат кон тренинг-центарот на „црвените ѓаволи“ и завршните подготовки на Јунајтед за дербито со Ливерпул, кое е на програмата веќе утревечер од 21 часот на „Енфилд роуд“.
Според информациите на англиските медиуми, Фернандеш ќе биде во погон и на располагање на Ралф Рангник во трката на „ѓаволите“ за место во ЛШ, а Јунајтед заостанува три бода зад моментно четвртиот Тотенхем.
Фернандеш сезонава има девет гола и шест асистенции, а неодамна го продолжи договорот до 2026 година, откако на Македонија ѝ даде два гола за пласман на Португалија на Светското првенство во Катар, минатиот месец.