Новак Ѓоковиќ го победи Миомир Кецмановиќ (4:6, 6:3, 6:3) во четвртфиналето на Србија опен.
Најдобриот светски играч втора година по ред славеше во главниот град против Кецмановиќ, кого го победи и минатата сезона на Белград опен, во истата фаза.
Новак до триумфот стигна на сличен начин како против Ласло Ѓере во последното коло – го загуби првиот сет.
На Дорчол беше забележана голема српска пресметка, Кецмановиќ ја потврди добрата форма, дури и на земјена подлога, која не му се допаѓа многу, но исто како во Мајами, односно Индијан Велс, застана во оваа фаза.
Противник на Ѓоковиќ во борбата за финалето ќе биде победникот од дуелот Карен Хачанов – Тијаго Монтеиро.
Играчите релативно лесно ги освоија првите свои сервиси, а првиот удар го зададе Кечмановиќ, кој направи брејк во третиот гем.
Откако го потврди брејкот, шанса за нов имаше наскоро, кога пропушти дури пет врзани брејк топки.
Новак чекаше до шестиот гем за првата можност да му го одземе сервисот на ривалот, но Кецмановиќ го одби тој налет.
Немаше посебна драма до крајот од првиот сет, кој Кецмановиќ го реши во своја корист по 50 минути.
Постариот од двајцата тенисери избегна дополнителни проблеми во првиот гем од вториот сет, а истото го направи и Кецмановиќ .
Тоа не им успеа во следните два гема, бидејќи сепак имаше размена на брејкови.
Тој период беше помирен, до осмиот гем, кога Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка. Поточно, Кецмановиќ погреши со предолга форхенд паралела.
Новак набрзо го потврди тој брејк и по 51 минута игра во вториот сет го израмни резултатот.
Почетокот на решавачкиот сет не донесе брејк топка. Така беше до седмиот гем, кога Ѓоковиќ доби три врзани брејк шанси.
Тој ја погоди основната линија, го исфрли противникот од ритам, а потоа погоди со паралела. Го потврди брејкот, а потоа со уште еден го заврши овој, нималку лесен меч.